ТЕРА

REKLAMA???

ОБНОВА НА ВИДИКОВЕЦ И НОВИ СОДРЖИНИ НА ЈОРГОВ КАМЕН И ЦРВЕНИ СТЕНИ

ЈУНП Пелистер во соработка со Rotary Club Bitola Shirok Sokak отпочна со работни активности за обнова на видиковецот(2000мнв) кој се наоѓа на патеката која води по камењарот и во претстојниот период согласно условите за работа на терен ќе бидат поставени нови содржини на локација Јоргов камен(1744мнв) и Црвени стени(1788мнв).
Станува збор за едни од најпосетуваните локации во рамки НП Пелистер кои меѓусебно се поврзани со атрактивни планински патеки со вкупна должина која надминува триесетина километри. Содржините се во функција на зголемување на атрактивноста на наведените локации без да се наруши пејсажната вредност на просторот на кој истите ќе бидат поставени. Ваквиот тип на соработка со Ротари клубот Битола Широк Сокак е повеќе од важна за НП Пелистер затоа што пред се претставува силно пратена порака до пошироката јавност дека заштита на природата и нејзиното афирмирање и промовирање во насока на нејзино зачувување и развој на туризам, сепак е обврска на сите нас и тоа треба да го правиме со конкретни дела.
Пелистер и понатаму останува симбол на обединување за сите нас кои ја сакаме Битола и Македонија.