Огромно задоволство и гордост ми беше да се претставам себеси, но и мојата Македонија во рамките на балканското музичко шоу „Никогаш не е доцна“, вели битолчанецот Илија Балтовски.
Неговиот импресивен настап на сцената во Белград ја одушеви публиката, но и жирито. Балтовски се издвои од останатите настапувачи и по изборот на песната, но и со умешноста да ги долови тоновите на Дејвид Боуви.
„Поздрав до Тера телевизија и до вашите гледачи. Ви благодарам многу за интересот кој што го пројавивте за мојот настап во емисијата „Никогаш не е доцна“. Сакам да истакнам дека овие две учества досега во таа емисија за мене беа секако ново искуство, но и огромно искуство. Се работи сепак за голема продукција, за голема сцена на која што досега не сум се појавил и ми е огромно задоволство да се претставам себеси, но и мојата Македонија. Што се однесува до вчерашниот настап јас сум презадоволен од тоа како испадна нашето вкупно претставување со мојата поддршка и со Горан Петков, Горан Ропи и Александар Чулаковски кои што ми беа поддршка. Впрочем и коментарите беа супер.“-изјави денеска Балтовски во видео порака снимена за Тера телевизија.
Сега на ред е фазата на гласање. А гласот за овој наш битолчанец може да се даде на страницата на “Никогаш не е доцна“ на следниот: ЛИНК
„Сега останува да се гласа. Тоа се прави на линк на страницата на „Никогаш не е доцна“. Оној што смета дека треба да одам понатаму слободно нека го отвори линкот и нека гласа. Ви благодарам многу на сите за целата поддршка што ми ја давате. Премногу сум благодарен. Немам зборови како да ви возвратам, но се надевам дека ако одам понатаму ќе ви возвратам на тој начин.“-вели Балтовски.
Ние од Тера телевизија веќе гласавме за Балтовски, посакувајќи му среќа и успех и натаму.

















