Свет

За дискриминација на американски граѓани Фејсбук ќе плати 14 милиони долари

Фејсбук се согласи да плати 14,24 милиони долари за да го запре гонењето на американските власти кои го обвинуваат за доделување на некои добро платени работни места на странски државјани, на штета на американските граѓани и жителите со дозвола за постојан престој (зелена карта). Американското Министерство за правда поднесе тужба кон крајот на 2020 година, ПОВЕЌЕ…

Кина најави казни за родителите aко децата им се невоспитани

Кинескиот парламент ќе расправа за воведување закони за казнување родители доколку нивните деца се однесуваат „многу лошо“ или извршат криминални дела. Предлог-законот за унапредување на семејното воспитување предвидува дека ако обвинителството најде форми на многу лошо или криминално однесување кај детето, неговите старатели ќе добијат опомена и обврска да поминат низ програми за семејно воспитување. ПОВЕЌЕ…

Министрите на ЕУ ќе расправаат за Западен Балкан и тензиите во северно Косово

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во светлина на средбата на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел со лидерите од регионот на ОН и за ситуацијата во северно Косово, се наведува во подготвителниот документ на седницата, пишува Радио Слободна Европа. Според извори на Советот на ПОВЕЌЕ…

Вчера во Русија од Ковид починале 999 лица

Руските власти денеска соопштија дека вчера биле регистрирани 34.303 нови инфекции на ковид-19 и 999 смртни случаи. И покрај зголемениот број случаи, сепак, Кремљ отфрли ново заклучување на национално ниво, како она на почетокот на пандемијата, што и наштети на економијата. Наместо тоа, Кремљ ја делегираше моќта за спроведување на ограничувањата на коронавирусот на регионалните ПОВЕЌЕ…

Кина тестирала нова хиперсонична ракета

Кина во август тестирала нова хиперсонична ракета, јави „Фајненшл тајмс”, повикувајќи се на неколку извори. Ракетата со нуклеарен капацитет кружела над Земјата во ниска орбита пред да забрза кон својата цел, „демонстрирајќи напредни вселенски способности што ги изненадија САД”, велат изворите. Три извори запознаени со разузнавачки извештаи за Фајненшл Тајмс изјавиле дека ракетата ја промашила ПОВЕЌЕ…