Македонија

Земјотрес од 3,1 степен по Рихтер кај Охрид

Рано утрово во 3,26 часот, е регистриран земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала кај Охрид. Епицентарот на земјотресот бил на 2 јужно од Охрид и на длабочина од 10 километри.

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса

Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на ПОВЕЌЕ…

Европската комисија денеска ќе каже дали имаме напредот во реформскиот процес

Европската комисија попладнево ќе ги презентира извештаите за напредокот на реформскиот процес во шесте земји од Западен Балкан, Македонија очекува потврда за поддршката за почеток на преговори. Извештаите ќе ги презентира еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред европратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе одржи и прес-конференција за медиумите. Секоја ПОВЕЌЕ…

Синоќа земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерта на 17 октомври во 22 часот и 13 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 147 км западно од Скопје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда 4,8 ПОВЕЌЕ…

Дупка длабока 10 метри на патот кај Косоврасти

На 16.10.2021 година од 08:00 часот затворен е сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово кај Бања „Косоврасти“, поради пропадната дупка на патот со длабочина од 10 метри, со можност да се прошири. Сообраќајот се пренасочува од Струга. информираат од АМСМ.