Култура

Двајца ученици од битолското музичко училиште наградени на “Душата на Русија”

Учениците државното музичко училиште од Битола, остварија уште едни во низата бројни успешни и наградувани настапи. Имено учениците Арсениј Ангелески, кој е во класата на професорката д-р. Татјана Божиновска, освои  1 место и максимални 100 бодови и Љубица Здравковска , од класата на проф.м-р Јана Четелева Белевска ја освои Првата награда, на фестивалот на руска музика: ПОВЕЌЕ…

Заврши ПИН конференцијата – најзначајниот музички собир во југоисточна Европа

Во Скопје заврши тридневната ПИН музичка конференција со која официјално беше отворен годинашниот ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ и која го претвори Скопје во Европски центар на врвните професионалци во музичката индустрија. Со повеќе од 200 делагати и говорници и над 100 музички уметници кои пристигнаа од повеќе од 40 различни земји од светот, оваа манифестација, по 8ми ПОВЕЌЕ…

Заврши третото издание на Пијанофест

Во Битола се одржа третото издание на меѓународниот натпревар по пијано “Пијанофест 2021”, на кој учествуваа  100 натпреварувачи од 19 различни држави.  Натпреварот го организираше Здружението “Пијано”, здружение на пијанисти и музички педагози,  чии основачи  се пијанистките и професорки по пијано Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски. -Нашите очекувања се реализираа во контекст на ПОВЕЌЕ…

Презентирана изложбата „Пелистер се гали со очите, а се милува со душата“

„Пелистер се гали со очите, а се милува со душата“, е насловот на фото изложбата која по повод 30 ти ноември, денот кога Пелистер е прогласен за национален парк во поранешна Југославија, ја претставија пред присутните Петар и Сашо Ставреви во Центарот за култура. „Пелистер секогаш привлекува емотивно. Нека овие фотографии Ви овозможат така да ПОВЕЌЕ…

Со македонските евергрини затворено годинешното издание на Фестивалот на музика од светот

Со концертот на Битолскиот дувачки оркестар заврши 13-то издание на Фестивалот на музика од светот, кој го организираше Центарот за култура-Битола. Уште едно музичко патување на кое македонските евергрини беа испеани од Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски.  Светот е поубав на Фестивалот на музика од светот, ПОВЕЌЕ…