Песната „Битолчани мераклии“, доби нова обработка од страна на вљубеникот во македонската песна, јапонскиот оперски првенец Казухиро Котецу. Тој е дел од операта во Токио, а во срцето негува огромна љубов кон македонската музика.
Досега ги има обработено песните: Македонско девојче“,легендарната песна од Јонче Христовски – „Ако умрам ил’ загинам“, а потоа и втората верзија на Македонско девојче, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“ и други.
Љубовта на оперскиот музичар започна од гостувањата во Македонија во 2013 и 2014 та година, во Скопје и Битола, кога беа изведени музичките проекти Концерти на јапонски уметници, операта „Ноќен жерав“ од авторот Икума Дан, работена по мотиви на традиционална јапонска бајка, на која Котецу беше режисер. Со тие концерти, се одбележаа 20 години од билатералните односи меѓу Царството Јапонија и Република Македонија .




















