ТЕРА

REKLAMA???

Блокиран е патот на обиколницата над Битола

Блокиран е патот на обиколницата над Битола откако локални жители на битолски Баир излегоа на протест и запалија оган кој го попречи сообраќајот. Причина за протестот е одземање на две возила од страна на полицијата откако возачи се затекнати без возачка дозвола, односно без положен возачки испит.

Екипа на ТВ Тера е на локацијата. Патот над Битола е затворен, а полиција го обезбедува местото.