ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА НА „ИНТЕРФЕСТ“, ДУО ДВЕ ПИЈАНА, ИТАЛИЈА

Вечерва од 20:00 часот на програмата на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола ДУО ДВЕ Пијана, Италија.

ИЛАРИА КОНСТАНТИНО / Ilaria Constantino                                                                                                                    

МАРТИНА ЏОРДАНИ / Martina Giordani 

Концертот ќе се оджи во салата на Државното музичко училиште во Битола.

 ПРОГРАМА

                                                                                       

В.А. Моцарт:  Соната К. 448  (1756-1791)  

–  Allegro con spirito –

 –  Andante

 –  Molto Allegro

Шаминаде: 2 Пиеси оп. 36  (1857 – 1954)

   – Intermede   

   – Pas de Cymbales   

Г. Тајефере:       Игра на отворено  (1892-1983) 

    La Tirelitentaine

   -Cashe-cashe

   – Mitoula

Д. Мијо:      Скарамуш   (1892-1974) 

  Vif

  – Modere

  – Brasileira

ДУО ДВЕ ПИЈАНА

Камерната музика зазема особено место во исклучително богатиот музички живот на Италија. Врвни музичари ја споделуваат својата уметност спојувајќи различни инструменти во совршена кохезија. И големите солисти -звезди со интернационална кариера често се навраќаат на камерното музицирање кое има длабоки корени во европската музичка култура но и особен третман во музичкото школство на Италија што дава знаајни разултати. Дуото Констнтино-Џордани ни го носи оддекот од големата традиција на камерното музицирање во Милано.

МАРТИНА ЏОРДАНИ / MARTINA GIORDANI потекнува од семејство со музичка традиција и од рана возраст изучува пијано. На 13 години настапува као солист со оркестарот „Мајнхајмски ансамбл“, а на 15 го изведува Бетовеновиот Концерт бр. 3 со Филхармонија Marchigiana. Своето школување го започнува во Анкона, на Конзерваториумот „Г.Б.Перголези“, продолжува во Песаро, на Конзерваториумот „ Џ. Росини“, за да дипломира со почести  (“cum laude”) во Милано, на Конзерваториумот „Џ. Верди“. Учествувала на мастеркласите на реномираните пијанисти: Бруно Канино, Џанлука Луизи, Бенедето Лупо, Константин Богино, Гари Графман и други.  Добитник е на многу Први национални и меѓународни награди:  Прва Награда на Конкурсот во Осимо, „Адриатик конкурс во Анкона“,„Млади музичари“ во Камерино, „Роспиљози пијано натпревар“, „MiRo” во Бреша, „La palma d’oro” во Сан Бенедето “ Citta di Bucchianico”.                          Настапувала како солист и како камерен музичар со ансамблот кој го таа го формирала,“Ancon Duo”, во сите музички центри на Италија. За нејзината исклучителна концертна активност, во 2012 година е наградена за особени уметнички заслуги од страна на Universum Academy (Универзитетот на кантон Швајцарија Италија) со Интернационалната награда Universum Donna Noble Woman и Мандат на Амбасадор за мир. Истовремено добива Плакета на „Marche Regiоn“.   Oд 2017 работи како професор по пијано во Музичката школа B.Zucchi во Монца.

ИЛАРИЈА КОСТАНТИНО / ILARIA COSTANTINO, ги комплетирала своите студии на Конзерваториумот „Џузепе Верди“ во Милано, во класите на професорите Г. Гарили и М. Деји Понти. Таа продолжила да се усовршува на Интернационалните школи за Интерпретација на пијано, под раководство на Е. Перота и С. Пасторели, а потоа на Интернационалниот курс за камерна музика во Република Сан Марино. Студиите ги продолжува на Академијата во Тоскана, под раководство на Д. Роси. Камерна музика усовршува и во прочуената школа во Имола „Средби со Маестро“. Во 1997 таа добива Награда-Стипендија од Конзерваториумот Џ. Верди на Милано. По тригодишна работа и професионален тренинг со Дуото К. Фросини – М. Баџо, во 1998 добива Диплома за камерна музика. Во 1999 дипломира на одделот за харпсикорд и рани клавишни инструменти на Конзерваториумот „ Џ. Верди“ во Милано, а во 2013 дипломира на одделот за пијано.

Иларија Константино концертира пред сѐ во формација Дуо Пијано но настапува и во Дуо со кларинет, виола, Пијано трио, Пијано квартет, со кои освоила многу Национални и Интернационални награди. Настапувала во сите големи центри на Италија – Милано, Савона, Парма, Рим, Бреша, Торино, Неапол, како и во Норвешка (Берген), Шпанија, Франција и Македонија. Иларија Константино е професор по пијано на Конзерваториумот Џ. Верди во Комо, Италија.