ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ИЗМЕРЕНИ 37 СТЕПЕНИ

Максимално измерените температури во петокот беа 25 степени на Попова Шапка, 28 Лазарополе, 29 Крушево, 30 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Тетово, Охрид, 34 Претор, Крива Паланка, 35 Прилеп, 36 Скопје-Петровец, Виница, 37 Скопје–Зајчев Рид, Битола, 38 Велес, Штип, Струмица, 39 Демир Капија, Кавадарци, 40 Гевгелија.

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.