Оваа снимка Тера телевизија ја направи денеска напладне на превојот Ѓавато. За среќа не се работи за реален пожар и реални повредени, туку за симулациско показна вежба.
Сите вклучени дејствуваа како во реални услови со цел да се зајакнат капацитетите да се даде брз, ефикасен и координиран одговор во услови на шумски пожари кои се реална закана како за природата, така и за луѓето.
Токму со таа цел јавната установа национален парк Пелистер во соработка со Општина Битола и институциите кои се дел од системот за управување со кризи денеска организираа од пошироки размери.
„Оваа вежба ја планиравме и порано, во периодот април-мај, бидејќи во минатото не се посветувало многу на противпожарната заштита во Националниот парк Пелистер се со цел да видиме кои се нашите предности за справување со овој тип на кризни ситуации, но и слабости, со цел тие во иднина да се решат.“-вели Иванчо Тошевски, директор најавната установа национален парк Пелистер.
Интересно е што целата акција беше координирана од еден центар каде сите активности се следеа на екран додека дрон го надлетуваше теренот и пренесуваше снимка во живо од се она што се случува на опожарените локации. Ваквиот пристап придонесува за подобра координација и си тоа подобри резулати во акциите за гаснење на пожари и спасување на повредени лица.
Од Националниот парк велеат дека и икустватата од летото покажуваат дека треба да се вложува во поголема противпожарна заштита.
Вежбата ги зајакнува капацитетите за справување со пожар на отворен простор, придонесува за увежбување на општинскиот штаб за заштита и спасување, целосна операционализација на инцидент – команд системот, организирање и вршење на евакуација на население, давање тријажа и прва помош на повредени, како и увежбување на институционална кохезија, внатрешна и надворешна комуникација и координација помеѓу институциите.
ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ И СПАСУВАЊЕ ПОВРЕДЕНИ НА ЃАВАТО ДЕЛ ОД ПОКАЗНА ПРОТИВПОЖАРНА ВЕЖБА
