ТЕРА

REKLAMA???

ГЛАС ЗА БИТОЛА – НА ШТО СЕ ПОЖАЛИЈА БИТОЛЧАНИ

Викендов започна караванот „Глас за градот“ – иницијатива на ТЕРА Телевизија со која се дава гласност на секој од проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на градот и околните населени места.

Според најавата, нашата мобилна телевизиска екипа тргнува низ секое маало на општина Битола за да ги слушне и да му даде јавност на нешта во градот со кои граѓаните секојдневно се соочуваме, не се дел од „големата“  политика туку дел од секојдневието на жителите на општината – нешта кои не воодушевуваат, ни сметаат, или веќе не ги забележуваме, а кои ќе мора да бидат обврска на луѓето кои ќе бидат избрани да го водат градот во следните 4 години, затоа што функцијата во локалната самоуправа подразбира влијание врз животот на секој поединец.

На 4 октомври, во саботата „Гласот за градот“ и мобилната екипа беа во просторот пред Офицерски и Музејот.

Бројни туристи се движеа низ градот во саботата.  Некои од нив побараа вода да се напијат.

На другите им беше јасно дека корените на старото стебло го направиле проблемот со плочкиите на работ од пешачката зона.

Еден сограѓанин побара да се реши проблемот со уличните кучиња и ја сподели својата идеја паришната отштета од општината да биде доволно висока за да ги покрие и трошоците за психијатарот што го посетувал по доживеаната трума.

Една сограѓанка побара да се реши паркингот за мотори кај споменикот Стив Наумов, непосредно пред Офицерски. Според разговорот иако нема места предвидени за паркирање на мотори, тие особено во вечерните часови, ги има многу и го запираат слободното движење на пешаците кои се провираат низ моторите.

Многумина го делот од градот кадешто Офицерски се преточува во градското шеталиште беа тие кои напишаа или само посочуваа на објектот Парк. Го асоцираа објектот со претстава на бедата наспроти сјајот што сеуште го нуди Битола. Еден предложи објектот да биде јавен тоалет. —-

 

Караванот „Глас за градот“ во саботата доби и неколку други реакции и предлози од граѓани, кои ќе бидат преточени во телевизиски информативни прилози.