Советникот од ПОДЕМ, партија која е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, Златко Лозановски вели дека е пријатно изненаден од новите столици во салата на Советот.
Рече дека ќе му недостигале сите колеги без разлика од која партија се. Не сакаше со конкретни имиња да каже, но вели дека ќе останат на страната која што е за владеачкото мнозинство.
Тој со голем оптимизам очекува избор на градоначалник во првиот круг, а тоа како што рече ќе бидел Тони Коњановски.