ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ЦЕНИТЕ НА СИТЕ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ ВО БИТОЛА?

Дали ќе се зголемат цените на сите комунални услуги? Ова е прашањето што се наментува кај дел од битолските медиуми по официјалните соопштенија кои деновиве излегоа од Општина Битола. Констатации дека цените не се променети со години, но директорите не побарале зголемување.

Претседателот на Советот на општина Битола за 29 ја закажа 4-та седница на Советот со бројни точки кои се однесуваат на работата на јавните комунални претпријатија. Паралелно со најавата на седницата, течат комисиските расправи на секоја од точките, а наизменично Општината испраќа официјални соопштенија за работата на јавните комунални претпријатија.

Од соопштенијата произлегуваат прашањата дали цената на услугите на сите комунални претпријатија кон граѓаните ќе бидат зголемени?

Најпрвин ЈКП„Водовод“. Вчера за Тера директорот Гинов објасна дека барањето за зголемување на цената на водоснабдувањето е испратено до РКЕ во 2021 година.
Зоран Талевски – во телефонски разговор исто така информира дека претпријатието што го води НЕМА побарано зголемуиавње на цените за услугите кон граѓаните. И нивните услуги, заедно со тие на водовод ги регулира Регулаторната комисија, и, вели денеска Талевски тоа е долга процедура за која се потребни многу анализи и вкрстени билансни состојби што се испраќаат до регулаторната, тие одлучуваат дали ќе дозволат зголемување на цената или не, во која минимална и максимална граница и потоа нивното решение го разгледуваат советниците, а конечната одлука ја носи Советот на општината.

Денеска директорот на ЈКП Комуналец во телефонски разговор за ТЕРА информира дека во моментот претпријатието прави анализи, но сеуште нема ништо конкретно.
И едно од поновите јавни комунални претпријатија – ЈПП ЈЛП Паркинзи има порблеми со преживување, а потребата за зголемуавње на цените за директорот Зоран Михајловски претставува и проблем на сообраќајната политика. Денеска не успеавме да оствариме комуникација за да знаеме дали ова преттпријатие со својот УО побарале зголемување на цените за услугите кон граѓаните. Иако, предничи информацијата дека цената на паркингот треба да биде зголемен за 20%.

Фактите досега наметнуваат еден заклучок: комуналените претпријатија во Битола се во загуба, најпрвин реалните трошоци им се зголемени – , струја,редити, плати, нови вработувања. И во историјата на нивното постоење состојбите често барале нивно стабилизирање со субвенции од нивниот основач -Советот на општината.

Но, теоријата на комуникологијата отвора нови прашања:
Дали овие текстови се подготвителна јавна вежба? – директорите не побарале зголемуање.
Или пак ова се текстови за амортизирање на јавниот отпор – за да се има впечатокот дека објективните околности, а не системските проблеми се причината?
Дали тоа Општината дезинформира или ја подготвува јавноста за нова година во која животот во Битола ќе биде поскап?