Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Во Битола до 32 степени.









 
			
		









