ТЕРА

REKLAMA???

ЗА РАБОТАТА НА ИНТЕРВЕНТНАТА КАРДИОЛОГИЈА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА БИТОЛА

Како пациентите да стигнат на интервентната кардиологија во Клиничката болница во Битола. Денеска бевме во посета на ова одделение, а прашањето го упативме до директорката на клиничката болница Лозанче, чија цел од нејзиното доѓање на чело на болницата е пациентите од Битола и околината да не патуваат најчесто до Скопје, но и во други градови, по примерот на решението кое го имаат сега онколошките пациенти.

Интервентната кардиологија не е новина во Битола, но сега со тимот и опрeмата таа добива на актуелност, се со цел како што велат, пациентите веднаш, а не со долги чакања да добијат интервенција.

Во тимот е и д-р Спироски интервентен кардиолог со 23 годишно работно искуство на Клиниката за кардиоваскуларни болести во Скопје каде беше шеф на сала за интервентна кардиологија во период од 2 години, односно до 2023 година, а сега вработен во битолската Клиничка болница.

Д-р Спироски го прашавме што мисли тој каква е реакцијата на пациентите кога ќе слушнат дека нивните термин не се веднаш, туку по извесен период, колку тоа нив како пациенти ги загрижува или вознемирува.

Прашавме што е она што пациентите тука можат да го добијат.

Исто така за пациентите ќе има и телефонска линија каде ќе можат полесно да комуницираат со овој тим односно, ова оделение.