Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информираат дека утрово во 7 часот и 20 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 километри северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени.
Земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотрес почувствуван во Македонија

















