ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА ДЕНИ СИНАДИНОВСКИ

Како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, и дел од 52 издание на Фестивалот „Илинденски денови“, во Битолскиот завод и музеј, беше промовирана изложбата на фотографии „Низ објективот на Дени Синадиновски“.

Се работи за фотографско следење на дејноста на Ансамблот МАКЕДОНИЈА од страна на Синадиновски. Изложбата претставува симбиоза на два уметнички сегменти, чија приказна започнува во 2012 година. Имено во споменатата година се формира Ансамблот „Македонија“ кој е репрезент на македонската традиционална култура. Уште од самото формирање Дени Синадиновски, етнокореолог, е дел од Ансамбл „Македонија“. 

Значаен е фактот дека Синадиновски е стручен кадар во доменот на традиционалната култура додека пак фотографирањето е негово хоби. Тука е главната поента на фотографиите кој тој ги создава.  Како познавач на традицијата, Синадиновски успева да ги фотографира клучните сегменти и има широк фотографски опус. Во неговите фотографии се забележани детали кои само вистински познавач на материјалот може да ги забележи. 

Фотографиите во оваа изложба се класифицирани во неколку категории и тоа фотографии од концерти, гостувања, турнеи, бројни телевизиски гостувања на Асамблот „Македонија“ како и неколку засебни фотосесии на традиционални носии.

Како дел од програмата на „Илинденски денови“ беше промовирана боенката „Народната култура – трајна инспирација“ во Битолскиот завод и музеј, после што следуваше и детска ликовна работилница. Дечињата имаа можност да ги погледнат и поставките во музејот.

Во Центарот за култура продолжи детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, па од вредните рачиња на децата беа создадени бројни дела.

Во рамките на Интернационалниот етнографски филмски фестивал беа прикажани филмовите : Љубови, тајната на лагуните/фрагменти од андите, „Сонот на коњот“, краткометражен документарен филм на Марјан Кхорсави од Иран, „Светот на Ти Каф“филм на Фредерик Ламболе и Жан-Мари Пернел.