Утрово 14 степени во Лазарополе, Берово, 16 Крива Паланка, Маврови Анови, 17 Битола, Попова Шапка, 18 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, 19 Прилеп, Струмица, Куманово, 20 Гевгелија, Велес, Крушево, Дебар, 21 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 22 Штип, Виница, Кавадарци, 24 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево. Дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена. Во Битола до 38 степени.
УВ индексот 10.


















