ТЕРА

REKLAMA???

КАДЕ ЗАГЛАВИЈА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА „ПАКУВАЊЕТО“ НА СТАДИОНОТ?

 

По бројните прашања од битолчани, што се случи со нашето барање за информации од јавен карактер и која фирма го изведе „пакувањето“ на стадионот „Петар Милошевски“ , го даваме следното појаснување:

Тера ТВ првпат побара податоци од Општина Битола уште на 26 септември 2025. Kој ја поставил металната конструкција и платното на јужната страна, колку чини тоа, дали имало тендер и кој е изведувачот ?  Одговор добивме дури на 30 октомври, со објаснување дека станува збор за „брендирање“. Веднаш поднесовме ново барање да ни бидат доставени конкретни бројки, договори, изведувач и датум на изведба. До денес, нема одговор.

Во меѓувреме, на седницата на Советот на 7 ноември, рекламните паноа беа прикажани како донација, без јавно објавени износи. На 18 ноември, ни беше кажано дека донатори се „Графопром“ и „Архитектон“, но без податок колку чини донацијата. Единствената бројка објавена јавно е од ТЕРА  дека ФФМ вложила 150.000 евра, но за внатрешни работи во стадионот. Ниту донаторите не се пофалија за колку ја помогнаа општината.

На 1 декември повторно побаравме точни податоци: кога почнала изведбата, кој ја направил конструкцијата и колку чини. Сè уште го чекаме одговорот.

Дополнително, веќе 15 дена безуспешно се обидуваме да добиеме термин за средба со градоначалникот за да одговори на овие и други прашања. Од градоначалникот не добивmе средба само не информира дека ќе биде закажана прес-конференција но таа никако да се закаже.

Граѓаните прашуваат и ние истото:

Кој го изведе „пакувањето“ на стадионот, и колку чинеше?