ТЕРА

REKLAMA???

КУЌА ИЗГОРЕ ВО ПОЖАР ВО СЕЛО БАРЕШАНИ, МАНАСТИРОТ СВЕТИ МЕРКУРИЈ СОБИРА ДОНАЦИИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО

Голем пожар денеска избувна во куќа во битолското село Барешани.

Пожарот се случил утринава, нешто по 8 часот.

Екипи на Територијалната противпожарна единица со три возила го гаснеа пожарот, а полицијата направи увид за да ги утврди причините поради неговото избувнување.

Првичните информации се дека најверојатно причина за избувнувањето на пожарот бил оџакот, што најпрво се запалил и потоа се проширил и ја зафатил покуќнината.

Шеесет и три годишната Елица Стојановска во Новата година ќе влезе без покрив над главата.

Оттука,  ги повикува сите хумани луѓе, фирми, невладини организации и здруженија да и помогнат со донации и  парични средства на сметката во манастирот  Св. Меркуриј во селото Барешани.

500-0000008116-26

4030998349207