ТЕРА

REKLAMA???

МОЛИКАТА Е ВО МЕНОПАУЗА !?- КАКО ДА СЕ СПАСИ МОЛИКАТА

По силниот ветер од ланската година кога и на Пелистер многу молики беа оштетени, се отвори прашањето за тоа дека моликата на Пелистер е во климакс.

Што тоа значи?

Дали Пелистер ќе остане без шума?

Дали моликата изумира  пред нас? З

Зборувавме со некои од луѓето директно вклучени во работата на Националниот парк  „Пелистер“.

На Балканскиот полуостров, блису градот Битола живее Молика – издржлив бор со високо стебло, како тенка и понекогаш подебела снага, со вретенси ( циркуларно)наредени гранки кои завршуваат во сноп со 5 игли, како пет прсти од најнежните човечки раце.

Февруари е често многу снежен на Пелистер. Родители и деца се радуваат на убавиот ден.

Но глетката кај возрасните не го предизвикува вообичаениот мир и чувство на стабилност. Таму, на крајот од импровизираното игралиште има скршено дрво.

И по тесниот планиски пат кој води до ширината има знаци на предупредување дека има опасност од паѓање на дрвја, моликови дрвја.

„ На крајот на 2024 година во два наврати имавме проблем со ветроизвали, доста физиолошки оштетени дрвја испаднаа по сиге патеки.  А потоа имавме уште еден бран којшто имаше огромен влажен снег којшто придонесе да има големи кршења.“

Зошто моликовите дрвја паѓаат?

„Има доста стебла во националниот парк коишто се физиолошки презреани, ослабени и , природата си го прави своето. Исто како еден човек што се раѓа, жива материја, и дрвјата си имаат период и по извесен период мора и тие да изумираат. “- вели ренџерот Иљо.

Дали физиолошката презреаност  на моликата може да се спореди со намалената репродуктивна способност кај човекот?

Дали моликата е загрозен вид?

Што ако Молика чувствува болка, радост, тага ?

Дали моликата е во менопауза?

„Како стручно лице од областа на шумарството овој термин „менопауза“ за нас не е особено практичен, особено во растителната терминологија и е повеќе за хуманата ммедицина.“ – ни рече низ насмевка проф. д-р Никола Велковски од Шумарскиот факултет на УКИМ. Го најдовме насреде испитна сесија. Пред 15 година работеше на студијата и теренските истражувања за регенерација на моликата.

Откако ја утврди семантиката, покажа дека македонските научници се повеќе загрижени за иднината на моликата отколку било која жена во менопауза за својата иднина.

„За да се каже дека некој вид е загрозен треба да се имаат конкретни податоци со кои би го потврдиле тоа, а тоа значи одатои за неговата намалена попушациона или површинска застапеносст. За моликата како вид може да се каже дека има некоја ниска загрозеност барем за следниот период од неколку децении, таа потекнува од нивната природна слабост за природно и самостојно обновување. Честа е појавата во старите моликови шуми , природната обнова од бука и ела да биде побројна и посилна. Тоа се видови кои имаат посилна обновителна способност од моликата. “

Овие ренџери ги расчистуваат туристичките патеки по невремето на кое беше изложена моликовата шума. Работат во Locus Classicus – местото кадешто првпат  борот молика е детерминиран, првпат на светот му е кажано дека кај нас има посебен, редок вид, што е пионерски.

Август Хајнрих Рудолф ( фон)  Гризебах бил Германец од Хановер, несуден лекар иако дипломирал и предавал медицина. Своите истражувања и научна работа ги посветил на систематиката на растенијата и на фитогеографијата. Живеел во 19 век и, како сите истражувачи од тоа време, одел пеш по светот, набљудувал, цртал, опишувал и запишувал се што гледал и, земал примероци. На својата експедиција во денешна Македонија во 1839  година стигнал и до Баба планина, тогаш составен дел на османлиска Румелија . Со 11 војници  се искачил на нејзините врвови и на Пелистер, во месноста Бегова Чешма се сретнал со необичен вид на бор. Го хербализирал петигличестиот бор . Примероците од неговото патување денес се наоѓаат во Хербариумот на универзитетот во Гетинген. Го нарекол Pinus Peuce,  нов вид за науката, а до 1844 година го одредил систематскиот статус и го објавил како нов вид. Заради описите за видовите во Румелија, во руската, чешката и германската литература  борот Pinus peuce е познат под името румелиски бор, додека англиското и италијанското име му е македонски бор, а  српскиот географ и етнолог  Јован Цвијиќ во 1871 му го дал името „Mолика“, кое сега е најчесто во употреба.

Гризебах открил дека Pinus peuce припаѓа на семејството бел бор, дека има кукулички ( шишарки ) и дека семињата преку кои се размножува се долги околу 5-6 мм со крилца со кои може да летаат со ветрот или пак да ги разнесуваат птици.

Моликата е дрво кое се размножува само од семе. За да почне животниот век и развојот од семе до дрво потребно е семето кое созрева во шишарките да падне на свежа ровка почва кадешто клие и треба да формира растение. Во почетните години младото растение расте многу споро , а потоа доколку има доволно светлина и поволни услови за развој – расте побрзо. Во тој период моликата е многу осетлива на конкурентска вегетација- папрат, капини и други видови; побрзо растат и ја засенуваат и во такви услови младите садници молика угуинуваат.“ – вели проф. Д-р Велковски.

Кога моликата се размножува ?

„Почнува моликата да се опрашува, значи доаѓа до опрашување во перидото некаде од јуни до август, во зависност од надморската височина, првин почнува на понискиот дел, па како доаѓа до јуни и до август – на погорниот дел. Некогаш дури и има како облаци, некогаш ми се јавуваат пријавуваат пожар на Пелистер . Тие облаци се жолти од поленовиот прав и тоа е многу корисно и доста луѓе доаѓаат и во хотелот Молика и овде во другите хотели под Пелистер за да дишат во тој период ( воздушна бања) многу е добро за дишните патишта се прават и сирупи од шишарки. “ – објасна ренцерот Иљо.

Моликовата шума на Пелистер се наоѓа на 800 до 1.500 метри надморска висина, и сега се согледува дека состојбата е алармантна. Ветер и снег дојдоа како опомена од природата, вели Иванчо Тошевски, познат планинар и активист за промоција на еко-туризмот. Сега служи како директор на националниот парк Пелистер, институција која се грижи за куќата на Молика. На потегот од Магарешка Река до Ротинска река моликовата шума манифестира физиолошка зрелост, неможе сама да се обновува и е исклучително подложна на климатсеките промени.

„Во овој понизок дел од планината помеѓу 1.200 и 1.500 метри надморска висина имаме растителна заедница на молика и папарат и токму поради тоа бидејќи е светлољубив тип моликата , и од друга страна семето на моликата, проценката на експертите е дека е дека е околу 30% ‘ртливост,  значи заради овие причини немаме нови моликови дрвца. За да имаме обновување, ревитализација на моликата моликовата шума токму во овој појас потребни се интензивни одгледувачки мерки. “

Што влијае за овој исход? Иљо Стерјовски е жител на пелистерското село Трново и ренџер полни 35 години. Ги познава сите стебла на Молика иако не е направена фитоценолошка анализа на пребројување на единките.  Една од причините вели, е што зимите се пократки а летата подолги.

Вели „ Некогаш имаше обилни врнежи на снег. Кажуаат старите останувал снегот на Пелистер од една во друга година.“

Сателитските снимки на Сентинел 2 од програмата за климатски промени Коперник на Европската Унија го потврдува набљудувањето на ренџерот.

Во август 2021 битолчани се вареа на тропски температури – 2 недели на 38 степени Целзиусови. И жителите на Преспанскиот дел на Пелистер,  а и младите моликови дрвца родени на над 1.800 , до 2.000 метри надморска висина. На 19 февруари оваа година има снег,Но во 2021 година го немаше нависина од 1.200 до 1.600 метри,Ниту на 16 февруари 2020 година,И на 16 февруари во 2018 година.Го имаше на 24 октомври 2016 година, кога Sentinel 2 започна со работа.

Нема видливи промени во вегетацијата, според сателитските снимки. И во овие топли лета моликовата шума ја извршува задачата зададена од Природата – служи како алатка во процесот на декарбонизација, впишана во сите понови акциони планови за заштита на планетата – го врзува  јаглеродот, процес наречен карбонска секвестрација.

„Генерално сите климатски сценарија за нашата држава предивидуваат намалување на врнежите, зголемување на температурите м подолги сушни периоди како и зголемуавње на екстремните влијанија на климатските фактори.  “ – вели професорот Велковски.

„Како резултат на тие климатски промени навистина моликата оди во повиските делови од планината, меѓутоа како резултат на истите тие климатски промени ризикот за појавување на инсекти и штетници коишто би ја нападнале моликата и во пониските делови исто така е зголемен. Може да дојдат штетници баш од прв ранг коишто би ја нападнале таа моликова шума. По последните ветроизвали веќе видовме дека најголемиот дел од таа моликова шума е зафатена од „црвената трулеж“ . Станува збор за паразит кој егзистира внатре во срцевината и во коренот на моликовото дрво и , кога ги видовме скршениците можевме сите да се увериме дека срцевината внатре е со црвена боја.

Што друго е различно ?

„Некогаш Пелистер имал преку 50.000 овци, сега нема, сите села до грчка граница (има н.з) 5.000 овци. Козите, малку поинакви се тие може да брестат и да оштетат некои себла. Во другите села доста има исселување во селтат, многу малку има останато. Јас живеам до Трново, дали има останата 2-3 стада со овци !? Има неколки кон Преспа, во Арвати таму  во Грнчари, на тој дел меѓутоа многу малку.“ – вели ренџерот.

Уште една појава е загрозувачка за моликовата и целата пелистерска шума. Пожарите.

Ренџерите најмногу стравуваат од тоа.

„Имавме огромен пожар, но тој пожар не дојде од планината туку дојде надвор од границите на паркот.

Тера: Како се справувате со пожарот, во 2007 година во месноста Билбилкамен немаше пристапна патека?

„И на тоа треба да се работи, треба да се направат пресеци, патишта за да има можност пожарни, луѓе, возила да може што побрзо да стигнат на терен. Многупати нас не спасил каналот што е за Стрежево за да не се префрли пожарот кон Пелистер. Така што треба работа и во тој домен.“ – вели нашиот ренџер.

Има повеќе од 5 институции кои ги следат состојбите во шумите во Македонија. Нивните извештаи зборуваат дека 39% од вкупната површина во државата се шуми, 16% балкански ендемити.  Уставот ги третира како национално богатство и национално наследство и тие се посебно заштитени. Државниот завод за статистика информира дека заштитените подрачја зафаќаат 183.00 хектари, 108.338 хектари се под национални паркови, 235.343 хектари се високостеблеста шума. А сепак, годишниот прираст на дрвја изнесува 1.570,314 метри кубни или во просек 1,87 метри кубни на хектар.  Што би било како рубикова коцка во едно фудбалско игралиште.

А прогнозите за пожари на светската организација зборуваат за црно сценарио кое ја загрева планетата земја и која го опожарува шумскиот свет.

Ренџерите ги расчистија сите планински патеки од паднатите дрвја. Рекоа има големи површини со паднати дрвја. Ги оставија таму, на местото кадешто е нивниот крај.

„Најпрвин треба да се исчисти, но дрвото останува тука затоа што првин нема каде да се однесе, а  некои дрвја кадешто има биодиверзитет кадешто живеат и птици има, оставаме голем број на вакви стебла и кога се врши друга шумарска работа во Паркот, за да може иптиците да живеат. “ вели Иљо.

Животот, повеќе од јасно е, продолжува. Но сериозни проблеми има моликата на Пелистер

  • Стара е меѓу 80 и 200 години
  • ‘Ртливоста на семето е 30%
  • Густо наредените стебла не оставаат светло, а со тоа ниту услови за да порасне младо стебло, ако воопшто започне да се развива, без разлика дали зимите сега се пократки, а жешките лета подолги.

И ова не е непознато, за проблемот се знае веќе 60 години, од првиот симпозиум за моликата во 1969 година.

„Во изминатиов период постои, изработена е некоја студија за ревитализација, обнова на моликовата шума во овој појас, меѓутоа раководните лица кои ги воделе институциите, најчето под притисок на квази-експерската јавност не сакале да ги применат мерките или пак применувале незначителни мерки предвидени со таа студија и сега затоа ни се случи тоа што го имаме сега. И пошироката јавност беше сведок дека по последните ветроизвали кои ги имаше на Баба планина , видовме што тоа значи. Можеби грубо звучи но ќе се послужам со термините што ги користат експертите од овој дел, значи буквално имаме и мртва моликова шума.“ – вели директорот Тошевски.

Дали бевме слепи гледајќи го материјалот околу нас или само заслепени од изјавите на научниците дека паднатите дрвја се дел од природниот процес?

Дали Пелистер ќе стане како некои медитерански шумски региони со деградирана шума?

Тера- која е опасноста доколку ние, оваа генерација не направиме ништо?

„Треба човекот да преземе мерки, не само да оставиме на природата сама да решава. За моликата треба или пруги да се прават, па да се сади автохтон тукашен семенски материјал.“ – вели ренџерот.

Професорот Мелковски од Шумарскиот факултет работеше на студија и истражување  која покажа како треба да се треба да се третира проблемот. Ревитализација со правење на расадни отвори.

„Кога шумата неможе сама да си го дозволи тоа заради многу причини, дали се работи за преголема засенетост  или преголема склопеност, таму и папратот е голем проблем бидејќи тој секоја година е по 2 метри висок, а младата единка на моликата 10 см расти од почетокот таа е постојано угушена, и семето коешто паѓа едноставно неможе да се формира ново младо растение ,и да се формира ќе угине зарадио недостаток на светлина и , тука е стручноста и влијанието и работата на шумарската фела , на шумарските инженери и техничари да, вкдат грижа за подмладокот за да може да му се обезбедат поволни услови за негов развој. “

Тера – дали треба да се сече молика?

Директорот Иванчо вели „Повеќе од сигурно една од мерките коишто треба да бидат применети е и сечење и отстранување на се она што е заболено моликово дрво и претпоставката е дека на тој начин сепак ќе се отвори повеќе простор за нови моликови дрвца. “

„Тука нормално ако природата не создала доволно отвори треба да се тргне првин со отворите што ги создала, меѓутоа на сето тоа треба да се гледа комплексно, стручно и точно да се лоцира каде да се направат тие подмладни јадра, како да се одржат, како да се негуваат.“

Тера – што прави водата , понира или не и дали тоа влијае на растот или развојот на моликата?

„За разлика од другите планини во регионот површината на Пелистер е од гранит, тоа подразбира дека имаме водонепропуслтив слој така што водата не понира,затоа Пелистер е издашен со вода и од преспанска и од пелагониска страна и имаме поголем број на реки и водотеци коишто се сливаат надолу низ Пелистер “.

Значи, Молика е пред хируршка операција. Тоа што е некротично треба да се отстрани, да се овозможи зацелување на постојното, создавање на ново.

Професорот Велковски пак коментираше дека  за жал во шумарството  лековите не се како во хуманата медицина и дека се потребни години за ревитализација на шумите.

Кога Молика би можела да се чуди, можеби би размислувала – да ја имам најстарата шума во светот и да не направам ништо за да ја заштитам?

Заштитата е дел од современиот пристап кон развојот, економските придобивки кои може наследниците на оваа генерација да ги имаат .

Тошевски вели „Значи сето тоа оди некако заедно во модерно време, развојот на спортот, на туризммот и на заштитата на природата во модерно време оди заедно. Не може да размислуваш за развој на туризам ако примарно заеднички не размислуваш за развој на спорт и заштита на животна средина.

Многу врзо по нашите разговори со експертите во текот на месец февруари, НП „Пелистер“ ги собра сите еминентни стручњаци во државата и дискутираа за проблемот.

Молика разбира  дека активностите што ќе ги преземе човекот се борба за автентичноста наспроти природните процеси и за идните генерации.