ТЕРА

REKLAMA???

НИЗ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНЈА СЕ ДИШЕ, БИТОЛА ВО ЦРВЕНО СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Загадениот воздух зема над 3.500 жртви годишно, со голем број на заболени, но никој нема намера да примени брзи и ефикасни мерки. Зошто?“, прашуваат од еколошката организација „02 Иницијатива“.

Нивните реакции главно се однесуваат на Скопје, но ништо подобро не е ниту во Битола.

Висока загаденост на воздухот во центарот на Битола. Ваква состојба регистрира веќе неколку денови мерната станица Битола 2 во центарот на градот пред управната зграда на Ј.П. „Стрежево” до СВР Битола.

Денес веќе има извесно расчистување на воздухот низ Македонија. Како што може да се види на страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање за мерење на квалитетот на воздухот во Македонија, најголем дел од земјата е означено со жолто што укажува на умерено загадување.

 

За жал ознаката за Битола е црвено, што значи дека квалитетот на воздухот е лош, односно загадувањето е високо.

Таква состојба е регистрирана денеска на пладне во центарот на градот. Во вечерните часови загадувањето е уште поголемо.