На неделното гласање, советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата обезбедија 16 советнички мандати во идниот состав на Советот на Општина Битола.
Во интервју за Актуел на Тера телевизија, носителот на листата Филип Поповски се заблагодари на целата Битола за укажаната доверба.

Во составот на Советот во заминување, сега веќе претходниот, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаа 13 советници. Го прашавме Поповски на што се должи сега поголемиот број на советници за идниот четиригодишен мандат.
„Ова е резултат на довербата на граѓаните што ни ја укажаа на овие избори. Пред се тоа се должи на програмата која ја видоа, програма која е реална, остварлива за подобра Битола. Нашата кампања не ја водевме само политички, туку кампањата ја водевме заедно со народот, за да ги слушнеме потребите на граѓаните и да ги имплементираме преку идниот Совет на Општина Битола, се со цел побрза нивна реализација“ вели Поповски.
Го прашавме дали тој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Битола.
Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто со него.




















