Од плоштадот „Магнолија“ до офицерскиот дом по трет пат се одржа „Вистинска парада на гордоста“.
Во обраќањето до присутните на плоштадот, еден од организаторите рече дека начелата по кои се воделе за органзиирање на овој настан се, домот, семејството, родители мајка и татко, деца.
„Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идни генерации во духот на нашата православна христијанска вероисповед“ вели Игор Петковски.
Како што рече тој се друго е отфрлање на нашата иднина и одработување против нашите нашите најмили, нашите деца.
„Затоа со овој марш до офицерскиот дом ќе упатиме порака дека нема да дозволиме да го скршат семејството. Ако го скршат семејството пропаѓа и човештвото “ рече Петковски.
Потоа сите заедно се упатија на маршот преку Широк сокак до Офицерскиот дом.