ТЕРА

REKLAMA???

ПРВА СРЕДБА НА ПЕЧУРКАРИ ОД РЕГИОНОТ

Во потпелистерието се случи првата регионална средба на печуркари, организирана од друштвото „Фунги Игнатиа“ од Битола. Гости од Србија и Грција и домаќините. Искуствата кои што ги стекнале во минатото сега ги преточуваат во дела.

„Прва ваква печуркарска средба во Македонија, под името „Печурките на Пелистер“. Неколку години сме поканети и одиме по овие средби кои се доста добро организирани во Србија, стекнавме искуство околу организација, стекнавме знаења околу печурките. Покрај дружење ова е и размена на искуства за печурките“ вели Љупчо Петровски, член на друштвото „Фунги Игнатиа“ од Битола.

Вели дека тие се први и едниствено друштво, но ќе работата на тоа да се формираат друштва и во други градови, потоа да се направи во Македонија сојуз за полесна соработка со другите од овој регион.

„Времето фала богу не послужи, иако е крај на сезона за печурки. Се собраа околу 40 врсти на печурки за кратко време, се направи детерминација тука. Едно искуство за нас тука и за нашите љубители на природата и на печурките. Се надевам на богата соработка со друштвата и наредни дружења. Покрај печурките дегустираме и храна со печурки, се дружиме“ вели Петровски.

Нивните пријатели од Србија велат дека после неколку години работа и договарања дојдоа во Битола и ја направија првата изложба на печурки од овој крај.

„Бевме во националниот парк „Пелистер“, потоа во оној дел на Битола кој гравитира кон националиот парк. Ние сме 21 лице од Србија. Го поминавме теренот, а условите за печуркарство, што се однесува до климатските услови сега се лоши, прво е доста доцна, многу е суво, доста долго време немало дожд и тоа ме потсетува на првиот перидоот од оваа година кој ние го имавме во Србија кога имаше по 40-тина врсти, не повеќе заради климатските услови, за на крајот да стигнеме до 200 и нешто врсти во октомври кога паднаа дождовите. Ова е исклучително поволен простор за печурки, има разновидност на билки и печурки и очекуваме во наредните години дека ќе најдеме многу повеќе врсти“ вели Зоран Јеленковиќ, од Сојузот на печуркари во Србија.

И додава дека нивните пријатели од Битола ќе ја имаат нивната подршка и помош се додека им е потребна. На оваа средба и печуркари од Грција.

„Дојдовме овде во Битола да ја направиме првата печуркарска средба во Македонија со печуркартите од Србија и од Македонија. Друштвото во Битола е основано пред неколку години и полека полега стиганаа да ја организраат оваа меѓународна средба. Им благодариме што не повикаа на оваа средба и навистима многу убаво поминавме и на планина и сега овде во Вилата Дихово. Најдовме печуртки на Пелистер околу 40-41 врста“ вели Ставрос Зографос, од печуркарското друштво од Грција.

Она што го пронајдоа го претставија на своевидна изложба во дворот на Вилата Дихово, а имаше и чорба од печурки.