ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ЧАШУЛЕ, ПРИКАЗНУВАЧОТ“ ВО ПРИЛЕП

Книгата – монографија „Чашуле, приказнувачот“ од театрологот Ана Стојаноска, беше промовирана во рамките на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што од 9-ти до 16-ти се одржува во Прилеп. „Научна и емотивна книга за македонскиот писател и драмски автор Коле Чашуле, исклучително ретка во македонската театролошка литература“, беше истакнато на промоцијата.

Театрологот Јелена Лужина рече дека емотивното воопшто не ѝ пречи на научноста на книгата.

„Исклучително ретко како што досега немавме во македонската театролошка литература, а можеби и воопшто во литературата, хибридно по својата содржина, темелно испишано и направено, дело кое може да се преведе на кој било јазик и да добие највисоки награди“.

Авторката на книгата- монографија за Коле Чашуле, театрологот Ана Стојаноска емотивно го нарекува „мојот втор татко“ кој ја учел да пишува и да има однос кон светот кој ја опкружува.

„Книгата ја замислив како троен преглед на три важни топоси поврзани со неговата и со мојата работа. Ја насловив како „Коле Чашуле: Приказнувачот“, според еден од текстовите во книгата“.

Таа изрази посебна благодарност до професорката Јелена Лужина за помошта и поддршката, до Кире Галевски за отстапените фотографии, Горјан Донев за дизајнот на книгата, Тодорка Балова за лектурата.

„Оваа книга чекаше универзумот да ги склопи сите коцки. Ако со оваа книга барем малку придонесам за културата на оваа земја, ќе им бидам вечно благодарна на моите двајца татковци“, рече театрологот Стојаноска, на самата промоција.

Истата беше во рамките на програмата „Автор во фокус“,издадена со помош и поддршка на Факултетот за драмски уметности од Скопје и издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумна поддршка од Министерството за култура.