ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА ЗА 80 ГОДИНИ МНТ – ЈУБИЛЕЈОТ ПРОДОЛЖУВА СО ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ

Во годината кога Македонскиот народен театар одбележува 80 години постоење, денеска во фоајето на театарот свечено беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето”, капитално издание, кое низ документи, сведоштва и лични приказни го заокружува осумдеценискиот континуитет на најзначајна театарска институција во земјава.

   

Настанот обедини бројни уметници и професионалци од театарска фела. На промоцијата присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и многу пријатели и почитувачи на театарската уметност.

Главна уредничка на монографијата е Ивана Јарчевска, а автори на текстовите се: д-р Ана Стојаноска, Снежана Коневски-Руси, Загорка Поп-Антоска-Андовска, Бранко Ставрев, Емил Рубен, Игор Џамбазов, Лилјана Мазова, Братислав Димитров, Ѓорѓи Јолевски, Сашко Насев, Никола Ристановски, Дејан Дуковски, Звездана Ангеловска, Весна Петрушевска, Срѓан Јаниќијевиќ, Тања Кочовска, Синиша Евтимов, Искра Ветерова, Бојан Трифуновски, Сашко Коцев, Николина Кујача, Нела Витошевиќ, Сашка Димитровска, Нина Николиќ, Дарја Ризова, Драгана Костадиновска и Борче Начев. Монографијата е издадена со поддршка на Министерството за култура и туризам на Р. С. Македонија.