ТЕРА

REKLAMA???

СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ПРОБЛЕМИ НИЗ ЦЕЛА СРБИЈА

Во српските градови Ниш и Краљево, околу 50.000 корисници без електрична енергија поради невремето, проследено со обилни врнежи од снег, што предизвикаа голем број дефекти во дистрибутивната мрежа за електрична енергија.

„Ситуацијата на терен се менува од час во час. Посебен проблем на терен се непроодните регионални и локални патишта, како и обилниот снег што продолжува да паѓа, што го отежнува пристапот до местата на дефекти“, се вели во соопштението на Електродистрибуција на Србија (ЕДС)

Поголемиот дел од проблемите се регистрирани во ридско-планинските региони на Рашкиот, Златиборскиот, Моравичкиот, Пчињскиот и Јабланичкиот округ.

Снег и паѓаше во јужниот дел од Србија. На Копаниок има повеќе од 60 сантиметри снег, додека во Ивањица – над 20 сантиметри.

Според информациите од Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, неповолни временски услови со обилни врнежи од снег сè уште се прогнозираат за централна и источна Србија.

Најтешка е ситуацијата на патиштата кон Копаоник и низ Ибарската клисура. Републичкиот хидрометеоролошки завод најавува дека снежните врнежи ќе продолжат, особено во јужните, југозападните и источните делови на Србија, каде што се очекуваат уште 10 до 30 сантиметри снег.

МИА