Утрово 13 степени во Лазарополе, 14 Маврови Анови, Берово, 16 Попова Шапка, 17 Крива Паланка, Претор, Битола, 18 Тетово, Охрид, 19 Скопје-Петровец, Прилеп, Крушево, Дебар, 20 Струмица, Куманово, 21 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 22 Демир Капија, Виница, 23 Гевгелија, Велес, Кавадарци, 24 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец.
Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Во Битола до 37 степени.
УВ индексот 9









 
			
		









