24 нови доктори на науки официјално денеска изглеуваат од академските лаборатории на универзитетот „Св. Климент Охридски“. Нивната промоција е дел од еднонеделното одбележување на патрониот празник на Универзитетот – 8 декември.„ Промоцијата претставува обединување на науката и академските доблести, втемелени врз обврската на докторандите да го почитуваат и да го чуваат достоинството на титулата доктор на науки како највисоко остварување на научен индивидуален развој.“
Од основањето на Универзитетот во 1979 година до денес, на УКЛО докторирале 499 доктори на науки.


















