Името на фестивалот е „Раѓањето на Пресвета Богородица”, којa оваа есен денеска 13 Септември 2025, ќе се одржи по петти пат во истоимениот храм во градот Битола.
Фестивалот е основан во чест на Пресвета Богородица, во чиј храм и се реализира. Досега, на фестивалот настапиле повеќе хорови од Македонија, како што се: „Калистрат Зографски” од Струга, „Херувими” од Скопје, „Св. Ахил Преспански” од Ресен, „Пелагонитица” од Прилеп, како и нашите битолски хорови: „Св. Нектариј Битолски”, „Св. Макрина” и детскиот хор „Св. Стилијан”.
„Во нашиот храм се негува исклучиво византиско црковно пеење, кое е наша вековна традиција во Битола, како и на поширокиот Балкански Полуостров“ велат организаторите.
На фестивалот досега биле изведени бројни композиции од различни автори, меѓу кои и македонски композитори како: „Св. Јован Кукузел”, „Манасиј Поп Тодоров”, „Калистрат Зографски” и други.
За првпат оваа година, во Битола ќе гостува византискиот хор „Мојсеј Петровиќ” од Србија, кој исто така ја негува оваа музичка дејност. Битола, како вековен духовен и културен центар, заслужува еден ваков фестивал на духовна музика, со чие афирмирање се збогатува и негува ова црковно пеење, а со тоа и се зголемува интересот кај нови љубители на овој вид музика, стои во соопштението од фестивалот.