ТЕРА

REKLAMA???

Академијата почна дисциплинска постапка против Вил Смит

Во понеделникот започна истрага за инцидентот на овогодинешното доделување на Оскарите.  Академијата за филмски уметности и науки преку соопштение се огласи во јавноста.

Членовите на Академијата тврдат дека Вил Смит бил замолен да ја напушти церемонијата по нападот на Крис Рок , но дека тој одбил да го стори тоа.

Велат дека против актерот покренале дисциплинска постапка бидејќи ги прекршил стандардните правила на однесување на Академијата. Тие вклучуваат несоодветен физички контакт, закани и нарушување на угледот на Академијата.

Првите постапки против Вил Смит, кој го освои Оскарот за најдобра главна машка улога, би можеле да бидат покренати уште на следниот состанок на Одборот на Академијата, закажан за 18 април 2022 година. Вил Смит може да се соочи со суспензија, исфрлање и други санкции, велат тие.