ТЕРА

REKLAMA???

Акција садење на лешници во училишниот двор

Денес, вработените и учениците од ООУ “Александар Турунџев”- Кукуречани спроведија акција на засадување на 150 садници лешници во училишниот двор. Садниците се донација, а овој  проект, како што велат од училиштето, е убава можност за учениците да реализираат и применат  дел од наставата по биологија и природни науки.

При процесот одгледување на лешници, учениците ќе научат и повеќе за животната средина и обновливите извори на енергија, ќе стекнат здрави навики кои наставниците сакаат  да ги всадат кај учениците уште од нивната најмала возраст.

Во план се најразлични активности при одгледувањето на лешниците така што се очекува учениците да научат важни работи како: добра комуникација, способност за работа во тим, чувство на заедница, почитување на другите и нивното мислење, вештина на набљудување, отвореност, љубопитност, критичко размислување, трпеливост и флексибилност.

Училишниот двор зад училишната зграда, односно местото на кое што се посадија лешниците долги години беше неискористено и запоставено. Истото во март минатата година беше исчистено, со помош на јавни претпријатија.

Овај проект е само еден дел до идејата да придонесеме во будењето на еколошката свест, велат од ова училиште.