Дождот кој од вчера паѓа и во овој регион предизвика излевање на Лажечка река. Жители од селото Лажец алармираат за состојбата во која се наоѓаат. Велат дека во текот на изминатата ноќта реката која врви низ селото се излеала и предизвикала штети.
Поплавени штали со добиток, гаражи, простории каде имале храна за стоката, механизација.
Велат дека неколку години бараат од надлежните чистење на коритото.
Инаку прогнозата е дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд.



















