Стефанија Алексовска од кугларскиот клуб „Пелистер Пин“ и Архан Арслановски од кугларскиот клуб „Пелистер 1982“ ќе бидат македонските претставници на Светскиот Куп до 18 години во Елва, Естонија, кој ќе се одржи во мај.
После финалето Стефанија Алексовска беше подобра од Андреа Вељаноска со 3:1 која пак беше најдобра во квалификациите, додека Архан Арслановски убедливо е најдобар во машка конкуренција и го совлада Кристијан Николоски со 2:2 +29, но и имаше убедливо водство во квалификациите.
Подготовките започнуваат веднаш по завршувањето на кугларската лига. Честитки за нив и им посакуваме голем успех во Естонија.



















