ТЕРА

REKLAMA???

Алтипармаков: „ Законите треба да се менуваат, запуштените куќи да се продадат“

Засега нема закон кој овозможува ефикасно решавање на проблемот со руинираните објекти. Законот за заштита на културното наследство е во фаза на измени, па доколку се усвојат предложение измени, состојбите би биле инакви. За ова разговаравме со Зоран Алтипармаков, советник конзерватор во НУ Завод и Музеј -Битола.

ТЕРА: Пред два дена имавме инцидент во којшто стар објект се урна затоа што беше неодржуван. Дали тој објект е заштитен како културно наследтсво ?

Алтипармаков: „Тој што се урна не е. Објектот сам со сопствено решение не е како споменик на културата, меѓутоа во рамките на старото градско кадро коешто е споменик на културата заштитено со закон, постои посебен закон со кој се заштитува споменичката целина „старо градско јадро“. Ова е ситуација на она што предупредувавме уште долго предвреме дека сега ќе се случуваат вакви настани и мора државата да се грижи како да ги избегнеме. А тоа може само со одредени законски мерки.“

ТЕРА: Ги имате евидентирано, колку вакви објекти има, колку се прогласени за културно наследство, колку од нив се неодржувани?

Алтипармаков: „ Како споменици на културата се некаде 235 ( не знам точно) меѓутоа во псоменичката целина старо градско јадри имаме од интерес објекти коишто се околу 2.000 . Од евиденцијата на терен којашто ја имаме , ја прави нашата установа гледаме дека таа состојба континуирано се влошува. Можеме да кажеме дека некаде околу 60% од објектите се во, не би рекол лоша, меѓутоа се приближуваат кон лоша состојба , а еден процент од 20 објекти се навистина во лоша состојба што веќе ги загрозуваат останатите објекти и безбедноста на граѓаните. “

ТЕРА: Што вие како институција може да преземете? Што преземате?

Алтипармаков: „ Во рамките на нашите ингеренции ние сме за заштита на културното наследство , а за тековното одржување, за состојбата на објектите се одговорни самите сопственици на објектите, тие не се наша сопственост, ние не сме хаус-мајстори кои ги поправаме објектите кадешто се оштетени. Самите сопственици се задолжени. Еве, во случајот кадешто се сруши, можеше да дојде и до човечки жртви ако имаше луѓе во колите што беа оштетени , ќе имаше човечки жртви и соопственикот немаше само да одговара за материјалната штета туку ќе одговараше и за човечките жртви, загубата на човечки живот што, не дај Боже, каква што е ситуацијата може лесно да   се случи. Оти знаета кај нас, наместо да делуваме превентивно, ние отпосле – како трагедијата во Кочани , па сега да видиме кој е крив.“

ТЕРА: За безбедноста, за комуналниот ред и мир, за безбедното минување во сообраќајот вклучително и тротоарите, па во ситуацијава и паркингот, задолжена е Општина Битола. Имате ли соработка, има ли протокол за соработка во ваква ситуација со Општината, до каде е нивната надлежност?

Алтипармаков: „ Не знам точно до каде е нивната надлежност и до каде се нивните законски обврски меѓутоа соработка со Општината имало и секогаш има. И не е проблем, кога ти се обраќаат до нас, ние одговараме и нам ако ни треба нешто ние комуницираме со нив.“

ТЕРА: Кој е прв којшто треба да реагира во ваква ситуација или вие реагирате исклучиво во тие што се заштитени објекти?

Алтипармаков: „ Ние реагираме во тие што се заштитени, меѓутоа кога ќе дојде до ваква ситуација реагира министерството за внатрешни работи. Но, сега е веќе касно. Се предупредува.

Јас бев член во комисијата за носење на новиот Закон за заштита на културно наследство и тука имав свои предлози коишто, и на членовите на Комисијата им укажав и им испратив делови од европските закони како таму се решава оваа ситуација.“

ТЕРА: Како во Европа се решава ситуацијата?

Алтипармаков : „ Па во Европа, крајно, се решава така што или државата реагира со свои средства и после му наплаќа на сопственикот или пак за да не троши дел од своите средства се врши експропријација на имотот. Тоа беше и мојот предлог. Една година да им се даде на таквите објекти, да се испратат до сопствениците и , рачунајте дека многу често сопствениците веќе и ги нема тука и не се знае точно кому да се даде. Значи, една година се дава предлог предупредување да почне со постапка за да го изврши тековното одржување согласно режимот за заштита .  Ако во рок од таа една година не направи ништо , за време од 6 месеци повторно да има опомена од надлежната јавна установа за заштита на културно наследство и ако по 6 месеци ништо не се преземе , државата да направи експропријација. Веднаш потоа да го издаде објектот на лицитација. На јавна лицитација на која може да учествува било кој , почетна цена 1 евро…Таквите примери ги има во Италија, Шпанија , во Португалија, мислам и во Грција, претежно во Италија и Шпанија и цели села почнаа да ги лицитираат , по едно евр, се одзема и потоа некој што е заинтересиран, има пари средства ќе го направи објектот , а мора да го направат согласно режимот за заштита, неможе тој зграда да направи . Зошто да не. Некој ќе се стекне со имот во градот, ќе го дотера како што треба и наместо тој објект да ја загрозува безбедноста на околните објекти и животот на граѓаните. “