Анѓелка Диневска е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. Диневска родена е на 06.07.1973 година во Битола. Основно и средно образование Гимназија завршува во Белград, а дипломира на Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола и и се стекнува со звањето дипломиран инженер по информациски системи. Потоа дипломира на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола и се стекнува со звањето дипломиран инженер по комјутерски науки.
Како активен член на ВМРО ДПМНЕ со својата ангажираност даде голем придонес на Паријата, а на ден 04.04.2022 година именувана е за Претседателка на Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола. Учесник е на повеќе домашни и меѓународни семинари, конференции, проекти и натпревари, велат од партијата.
„Ми претставува чест тоа што сум избрана за претседателка на УЖ ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, но и одговорност за која што ќе следат и резултати. Унијата на жени ОК ВМРО ДПМНЕ Битола посветено, заедно и сите сплотено ќе чекориме да бидеме уште посилно семејство ВМРО ДПМНЕ.
Благодарност за укажаната доверба до претседателката Жаклина Пешевска и целото раководство на УЖ ВМРО ДПМНЕ на Македонија“, напиша Диневска на социјалните мрежи.













