ТЕРА

REKLAMA???

АПТЕКИТЕ „РОСА ВИТА“ 24/7 СЕ ГРИЖАТ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА БИТОЛЧАНИ

Празниците се време кога и празнуваме и одмараме. Но, тоа не важи за вработените во приватната здравствена установа аптеки „Роса Вита“ , кои и во празничните и неработни денови се на своите работни места и 24/7 се достапни за граѓаните на Битола.

„Аптеката „Роса Вита“ наспроти Итната медицинска помош работи 24/7. Доколку имате потреба да знаете дека сме отворени, но, би ве замолила дека празниците за Вас, се и празници и за нас. Кога работиме на шалтер, не можеме да се јавуваме на телефон, ако имате потреба можете слободно да ми се јавите на мојот личен телефон 070-373-272, но, за без потреба замолувам да не се јавувате- вели сопственичката Сузана Христовска-Димовска дипломиран фармацевт.

Таа заедно со нејзиниот неуморен тим 365 дена во годината се условно речено чуварите на нашето здравје. Нејзината дефиниција за успех е доколку сите максимално се вложиме во она што го работиме и тоа го правиме со љубов, посветеност и како што вели со душа, единствено само тогаш успехот е загарантиран.

Аптеките „Роса Вита” повеќе од две децении се вистински бренд на Битола.

Сопственичката Сузана Христовска-Димовска вели дека таа и нејзиниот тим се секогаш достапни и максимално се трудат да ги задоволат потребите,  не само на граѓаните од Општина Битола, туку и од околните општини, но, од нив очекува поголемо разбирање.

„Би ве замолила без потреба да не ги злоупотребувате здравствените работници што работат за време на празници. Празникот е празник за секој. Ако немате потреба, тогаш и нема потреба да се обраќате кај здравствен работник. Ние сме здравствена услужна дејност, но би ве замолила, ние не сме достава 24/7- вели Христовска-Димовска.

Од приватната здравствена установа аптеки „Роса Вита“ упатија честитка до граѓаните за Новогодишните и Божикните празници.

„Тимот на Приватната здравствена установа Аптеки „Роса Вита“ им ја честита Новата 2026 година, да биде здрава и среќна година за сите. Претстојните празници да ни се на помош и од Бог дадени- упати честитка до битолчани, сопственичката Сузана Христовска-Димовска.