ТЕРА

REKLAMA???

БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ ПО СТАРА ЦЕНА

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,49%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,644 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,591 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 75,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 77,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 37,591 (денари/килограм)