Поп-пејачот Александар Тарабунов е еден од најконстантните автори и изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови.
„Бескрајно убава“ е новата песна на Александар Тарабунов. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Тара, а текстот и спотот на Зоран Зонде Стојановски.
Во спотот на Тара како главна улога се појавува Јована Спиркоска. Кадрите од спотот снимени се во главниот град.
Кон крајот на минтата година ја промовираше песната „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска.


















