ТЕРА

REKLAMA???

БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС ГО ЗАПОЧНА СЕМЕСТАРОТ ЗА ВТОРИОТ ЦИКЛУС

Бизнис Академија Смилевски го започна семeстарот за вториот циклус студии.

Во името на основачите се обрати проф. д-р Цветко Смилевски кој посака топло добредојде на присутните, нагласувајќи ја одлуката на студентите да зачекорат смело во новата фаза од животот. Проф. Смилевски им посака многу успех во градење на кариерната патека и остварување значителни резултати во образованието.

Поздравно обраќање имаше и директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска која упати порака до студентите дека образованието е пасош на иднината и вложувањето во истото претставува животна инвестиција. Проф. Тасевска ја истакна улогата на знаењето кое е неопходно за секој во процесот на прифаќање на промените кај себе и опкружувањето.

Заменик директорот на БАС, проф. д-р Тони Соклевски срдечно се заблагодари на сите студенти пред се, за довербата која ја дале на БАС и изборот кој го направиле. Им посака исполнување на идните цели нагласувајќи ја поддршката која БАС безрезервно ја дава на секој студент.

На првиот академски час пред присутните се обрати целиот академски и административен кадар кои ја истакнаа специфичноста и атрактивноста на студиските програми посакувајќи им успешен почеток, многу нови знаења, професионален развој и личен напредок.

БАС е акредитирана институција која има за цел да создава стручни и практично ориентирани кадри во областа на менаџментот, економијата, претприемништвото и бизнис лидерството. Фокусот е ставен на современи програми што ги комбинираат академските знаења со практична примена во реалниот сектор.