ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА ВО МАГЛА, ВИДЛИВОСТА ДО 50 МЕТРИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, додека магла со видливост до 100 мима во Прилеп.

Максималната температура во Битола денеска беше -1 степен.

До крајот на денот ведро време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на ноќта ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.