ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА И ПРИЛЕП СО НАЈДОБРА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА ВО ЗЕМЈАТА

Управата за јавни приходи ги објави резултатите од 266 теренски контроли спроведени во периодот од 1 до 30 ноември 2025 година, насочени кон угостителски објекти, трговци, такси-компании, производствени капацитети, казина и други субјекти.
Од вкупниот број контроли, кај 104 субјекти се утврдени неправилности, што претставува сериозен сигнал за ниско ниво на фискална дисциплина во повеќе градови низ државата.

Тоа не е случај и за Битола. Имено, Битола спаѓа во групата градови со најдобра финансиска дисциплина во земјата.

Во оваа група на градови со ниско ниво на неправилности се:

Битола – 25%
Прилеп – 20%
Велес – 15.4%
Кавадарци – 15.4%
Скопје – 14.9%

Иако и овие градови имаат утврдени прекршоци, процентите се значително пониски во споредба со останатиот дел од државата, што укажува на подобро усогласување со фискалните правила.

Во седум македонски градови секоја извршена контрола завршила со констатирана неправилност. Тоа се:

Кратово (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Кочани (100%) – 6 контроли, 6 неправилности
Свети Николе (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Дојран (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Делчево (100%) – 3 контроли, 3 неправилности
Берово (100%) – 4 контроли, 4 неправилности

Градови со висок ризик – над 70% неправилности се:

Штип – 81.8%
Гевгелија – 71.4%
Радовиш – 71.4%
Неготино – 66.7%
Струмица – 57.1%

Во анализата има и средна зона каде се констатирани меѓу 30% и 50% неправилности. Тука спаѓаат:

Куманово – 46.2%
Гостивар – 41.7%
Кичево – 40%
Охрид – 38.5%
Тетово – 35.3%
Ресен – 33.3%