ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА И ФК „ПЕЛИСТЕР“ ИСТОРИЈА ДОЛГА 80 ГОДИНИ

Денешната најава на прилогот на ТЕРА за дебаклот на ФК Пелистер во Купот на Македонија предизвика бура од емотивни реакции и на официјалната ФБ страна на Телевизија Тера.

Референдум дали некој сака парите на граѓаните немилосрдно да се трошат. Ова е само една од реакциите кои ги има на официјалната страна на ТЕРА на најавата дека денеска тематски ќе се занимаваме со последниот пораз на Фк Пелистер и неговото испаѓање од Купот на Македонија.
Во реакциите доминираат коментарите кои се поврзани со политика – политичките партии. Само еден од гледачите дава предлог градот да го продаде клубот затоа што неможе да го издржува, а друг дека треба генерациите навивачи да се обидат да го спасат, затоа што предупредува – клубот ќе оди во стечај и ливидација.


Ако се констатира вмешаноста на политичките партии во секој од општествените сегменти – тоа говори за нивото на кое се наоѓа нашето општество.
Во случајов зборуваме за тешки времиња на ФК Пелистер, кој во својата историја го создал спортскиот идентитет на Битола.
Историската лента на ФК Пелистер вели : спротски ентузијасти го формирале клубот во 1945 година веднаш по војната, од 1950 до 1970 година ги има првите настапи во тогаш југословенската лига, во 1974 година се гради и отвора фудбалското игралиште што сите го викаа Тумбе Кафе заради специфичната локација. Една година подоцна во 1975 година ФК Пелистер влегува во втората југословенска лига – што се прославило како огромен успех.
Во 1985 година се формира навивачката група „Чкембари“. До денес се главна навивачка сила во цела Македонија.
Во сезоната 1992/93 година Пелистер станува водечки фудбалски клуб во независна Македонија и го има скопски Вардар за ривал.
Но, од 1998 година започнуваат негативните рекорди на управите на клубот. Наследените играчи веднаш беа продадени, сметките не се плаќаа, играчите не добиваа плата, имаше и нивни штрајк. Неплатените сметки стигнаа како долг, а отсуството на добро одржување на теренот, трибините и зградите доведе до нивно забрзано пропаѓање.


Во сезоната 2000/2001 г. ФК Пелистер првпат го освои Купот на Македонија, оној од кој деновиве испадна. Подоцна првпат се претставува на европска сцена. – Купот на УЕФА. Тогаш и се дозна за проблемите со кои се соочува клубот.
Две децении клубот глава не крева од проблеми, потрага и менување на спонзорите кои требаше најпрвин да вложат во исплата на долговите кон инситуции, играчи, тренери, а во истовреме да го одржуваат клубот, теренот, рекламите… Кон крајот на втората декада, во 2017 година по второто освојување на Купот на Македонија и европско претставување, клубот се стабилизира.
Општина Битола денес е 100 % на клубот. Но, 2025 година и претходната сезона не одат во приллог на клубот. Навивачката група пред само 6 месеци испрати јавно предупредување дека менаџментот не го води клубот во победи и добивка. Менаџментот одговори дека буџетот на клубот бил најнизок од сите клубови во државата.
Дури и 80 годишнината се одбележа скромно, без градот да знае.