ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Соодветните услови во спортската сала „Боро Чурлевски”, каде е обезбедено греење и можности за одржување на натпревари од репрезентативен карактер, повторно после седум години ќе овозможат Битола да биде домаќин на македонската репрезентација во ракомет, велат од Општина Битола.

Во октомври 2018 година, машката селекција играше и победи против Турција во квалификациите за ЕП 2020, а  овојпат, Битола ќе ја пречека македонската женска репрезентација на 12 април на реванш средбата од баражот за Светското првенство во Холандија и Германија, меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска.

Спортската сала „Боро Чурлевски” е една од ретките во државата, надвор од Скопје, кои ги исполнуваат условите за репрезентативни дуели, што е резултат и на континуираната заложба на локалната самоуправа за создавање услови за поддршка на спортот и поттикнување на спортските резултати во градот, стои во соопштението од општината.