ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКАТА ОБИКОЛНИЦА – ЃУБРИШТЕ ШТО СЕ ИСПОЛНУВА ЗА 7 ДЕНА

Грдата слика над градот денеска ја надополнува трупот на мртво куче, но ниту вчера состојбата не беше поинаква. Ридови од смет од облека, обувки, куфери, расипани домаќински апарати, елементи од кујна, и дневна. Еден двосед денеска гордо ја создава композицијата на неичистено место.

Обиколницата е во атарот на општина Битола и без разлика чија е, на градот или на државата, ЈКП Комуналец ја одржува чистотата. Но, години наназад тешко им оди. За тоа сведочат и неколкуте телевизиски прилози кои ТЕРА ТВ ги направи. Пред околу 1 месец обиколницата беше чиста. Но еве по само 30тина дена – состојбата е идентична – групи смет. Доминираат и пластичните шишиња кои под силата на малите турбуленции што ги прават возилата што минуваат – особено тешките товарни возила, се тркалаат по патот кој со тоа станува уште понебезбеден.

Денеска телефонски зборувавме со Горан Степановски, директор на ЈКП Комуналец за настанатата ситуација и за континуираниот проблем. Вели, на 10ти септември на имале голема акција за чистење и наполниле 12 вреќи мало ѓувре, а го собрале и габаритниот отпад.

Ридовите од бивши виндјакни, женски хулахопки и истушени топки сепак само во темница може да се доживеат како планина која надвиснала над коловозот.

Директорот Горан Степановски ни рече: „Согласно нашите секојдневни активности на обиколницата Ресен-Прилеп имаме ангажирано посебен работник околу населбата баир. Но и покрај секојдневното чистење сведоци сме на секојдневно депонирање на отпад од непознати лица.“

Додаде дека комуналното претпријатие работи според одреден план и програма и дека секојдневно екипи работат на различни локации. А годишно се собираат 50тина илјади тони комунален смет во целата општина – градот и селата.

А сега пак, според гласините на некои од децата кои секојдневно играат на ридовите исполнети со смет и нискостеблеста шума, други луге, од градот кои  носат ѓубре овде во доцните ноќни часови, а вработениот во Комуналец одговорен за одржување на чистотата на реонот неможе да ги следи сите движења на граѓани.