ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА БЕШЕ НАШИОТ 12 ИГРАЧ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“

Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше синоќа дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија.

Како што велат од општината, енергијата на трибините, спортскиот дух и гласната поддршка уште еднаш ја потврдија препознатливата битолска спортска традиција и љубов кон спортот. Со своето присуство и навивање, битолчани оставија посебен печат на овој настан и создадоа атмосфера за паметење.

Општина Битола е горда што ја има најверната публика, која секогаш стои зад своите спортски натпреварувачи. Ви благодариме што покажавте како се гради спортски дух и заедништво, стои во соопштението на Општина Битола.

Фото: Општина Битола