ТЕРА

REKLAMA???

Битолските делегати на Конгресот на СДСМ

„Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата” изјави претседателот на партијата, Венко Филипче, во неговото обраќање на 31. Конгрес што денеска се одржува во Скопје.
“За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре. Знам дека во минатото имавме турбуленции. Знам дека имаше разочарувања. Некои си заминаа, некои се вратија, а некои сè уште стојат на прагот и калкулираат. Сакам денес да бидам кристално јасен. Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата. Но, дозволете ми да испратам една порака до оние, кои мислат дека можат да седат на две столчиња. До оние, кои мислат дека можат да бидат во СДСМ, а да работат за интересите на власта, или да формираат фракции, нови движења и сето тоа, само за нивни лични интереси. Тоа време заврши. Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности” рече Филипче и притоа додаде:
“Кој сака да се бори рамо до рамо со нас-добредојден е вистински, искрено, братски. Но, кој планира да нè поткопува од внатре, кој планира да биде „Тројански коњ“ на ВМРО или на некои други интересни групи- нека си замине веднаш. Немаме време за предавства. Немаме луксуз за суети. Или сме заедно во оваа битка за живот или смрт на демократијата, или не сме ништо. Јас бирам да бидеме сè. Бирам борба, искрена, силна и чесна” подвлече Филипче пред присутните.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека нема пишување статуси на „Фејсбук“, партијата е на терен.
“Нема седење. Нема пишување статуси на Фејсбук од удобни фотелји. СДСМ е на терен. Одиме во секој град, во секое село, во секое маало. Ќе чукнеме на секоја една врата. Не да молиме за гласови, туку да ја разбудиме Македонија” истакна на 31. Конгрес на СДСМ што се одржува во Скопје, лидерот на партијата Венко Филипче.