МВР информира дека вчера вечерта во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода С.Р.(53) од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8.600 денари, по што се дало во бегство.
БИТОЛЧАНЕЦ СО СЕКИРА И СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ВРАБОТЕНА ВО КАЗИНО ВО БИТОЛА, ПА УКРАЛ 8.600 ДЕНАРИ

















