Една од пораздвижените локации каде денеска се одвива гласање во Битола е основното училиште Даме Груев. И тука избирачките одбори потврдуваат дека гласањето започна во најдобар ред уште во утринските часови и со слична динамика се одвива и во останатиот дел од денот.
Од избирачкиот одбор велат дека гласачите се добро упатени во гласачката процедура, а таму каде се појавуваат помали технички проблеми истите веднаш се решаваат, така што гласањето се одвива без застој.
Раздвижено беше и во средното техничко училиште каде гласачите уредно доајѓаат на избирачките места и го остваруваат своето право на глас.
Од избирачките одбори се надеваат дека гласањето ќе биде во најдобар ред се до затворањето на гласачките места.
БИТОЛЧАНИ ДОБРО ЈА ПОЗНАВААТ ГЛАСАЧКАТА ПРОЦЕДУРА


















